На стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во саботата се одигра третото коло од Втората Македонска фудбалска лига-Исток.
„Жолто-сините“ забележаа уште еден пораз, овојпат од екипата на „Тиквеш“. Со хет-трикот на Симеон Христов во 41. минута, 74. минута и судиското надополнување, екипата на „Тиквеш“ заслужено триумфираше на гостувањето во Кочани.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Росоман – Кит Го 2-2
Саса Каменица – Победа 1-0
Плачковица – Слога Виница 0-1
Кожув – Брегалница 1-2
Во следното коло „Осогово“ гостува во Штип, против фаворитот „ Брегалница“.