„Осогово“ поразен од штипска „Брегалница“

Се одиграа натпреварите од 24-тото коло во  Втората Македонска фудбалка лига – Исток.

ГФК „Осогово“  загуби на домашен терен со резултат од 0-2 од првопласираната екипа на „Брегалница“ – Штип.

Натпреварот на „Никола Мантов“ беше  решен со по еден гол во двете полувремиња. „Жолто-сините“ парираа во првиот половина час од натпреварот, се до 33’ кога Владимир Дујовски од „Брегалница“ го отвори резултатот за штипјани од 1-0. „Осогово“ одново беше рамноправен се до 68’, кога Андреј Кудијан ги постави конечните 0-2 за гостите од Штип.

Во следното коло „Осогово“ гостува во Виница, на регионалното дерби против екипата на „Слога 1934“.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

Табела:

Сподели: