Се одиграа натпреварите од 13-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
ГФК „Осогово“ ремизираше на гостувањето во Градско, против тимот на „Локомотива 2008“, со резултат од 1-1.
Натпреварот го отворија домаќините со рано водство уште во 7’ кога за 1-0 погоди Ибрахимовиќ Џемал, резултат кој остана актуелен на полувреме. Во вториот дел за изедначување на „Осогово“ во 53’ стрелаше Тоше Манов за 1-1.
Натпреварот го одбележаа и три црвени картони, и тоа во 56’ за Јованов од „Локомотива“ и Мемеди од „Осогово“ , а во 76’ по втор жолт картон „поцрвене“ и Цури од тимот на „жолто-сините“.
И на натпреварот во Градско, верни придружници и поддршка на „жолто-сините“ беа кочанските „Сејмени“.
Во следното вонредно коло, закажано за 7 декември, „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Победа“ од Прилеп.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Табела: