„Осогово“ ремизираше во Радовиш, прилепска „Победа“ есенски шампион

Се одиграа заостанатите натпревари од 15-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига –  Исток.

ГФК „Осогово“ ремизираше на гостувањето во Радовиш, против тимот на „Детонит Јуниор“ со резултат од 0-0.

Натпреварот во Радовиш беше последен меч во есенскиот дел од натпреварувањето во ВМФЛ –  Исток. Со ремито „Осогово“ се најде на седмата позиција во лигата со 19 бодови на табелата, со скор од пет победи, шест порази и четири нерешени дуели.

Есенски шампион во ВМФЛ – Исток е тимот на „Победа“ Прилеп со 32 бодови, истот толку како и виничка „Слога“ која поради послабата гол разлика е второпласирана.

Следува зимската пауза во натпреварувањето. Почетокот на пролетниот дел од првенството е закажан за 19 февруари 2022.

Резултати:

Табела:

Сподели: