ГФК „Осогово“ денеска на „Никола Мантов“ забележа значајна победа од 1-0 и важни три бода на дуелот против екипата на „Кит-Го“ Пехчево, во рамки на 11-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
Фудбалерите на „Осогово“ ја имаа иницијативата на теренот, но неколкуте гол шанси кои ги создадоа во текот на мечот немаа ефикасна завршница. Од другата страна, тимот на „Кит-Го“ Пехчево скоро и да немаше посериозна шанса за гол, за што заслужна беше добрата поставеност на одбраната на „жолото – сините“.
Конечниот резултат беше постигнат во 61 минута кога по едно нафрлување од десната страна и мешаница во шеснаесетникот на „Кит-Го“, гостинскиот играч Кристијан Антонов постигна автогол, со што му овозможи водство на „Осогово“ од 1-0, резултат кој остана актуелен до самиот крај на мечот.
„Осогово“ одигра сосема коректен натпревар, беше далеку подобар од противникот на теренот, а да имаше повеќе среќа можеше да извојува поубедлива победа.
Ова е втора победа на „Осогово“ во ВМФЛ – Исток и продолжување на низата од осум натпревари без пораз.
Во следното коло „Осогово“ го очекува тешко гостување во Кавадарци, против тимот на „Тиквеш“.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Табела:
И. Матеничарски
Фото: А. Арсов