Во рамки на подготовките за почетокот на првенството во Втората Македонска фудбалска лига – Исток, ГФК „Осогово“ утре ( 14 август, сабота) ќе го одигра последниот контролен меч во пресрет на новата сезона.
На стадионот „Никола Мантов“ со почеток од 17:30 ч. „Осогово“ ќе го пречека тимот на новиот второлигаш ФК „Вардар“ – Скопје.
Вратите на стадионот „Никола Мантов“ ќе бидат отворени за љубителите на фудбалот да го проследат контролниот меч против скопски „Вардар“.
Натпреварот в сабота против „Вардар“ е последен од подготовителните натпревари на кочанскиот второлигаш „Осогово“, а според календарот првото коло од новата натпреварувачка сезона е закажано за 21 август. Претходно ќе се одржи ждребување за распоредот на натпреварите во новата сезона.
И. Матеничарски