Се одиграа натпреварите од 7-то коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
ГФК „Осогово“ направи вистинско изненадување на гостувањето во Струмица и со резултат од 2-0 ја совлада екипата на „Беласица“ за нови три бода на табелата.
Натпреварот го отвори Јасин Муше уште во 15’ за водство на „Осогово“ од 0-1, резултат кој остана актуелен и на полувреме. Во вториот дел од натпреварот, победата на „Осогово“ ја осигура Екрем Мемеди во 76’ за конечни 0-2.
Во следното коло „Осогово“ на стадионот „Никола Мантов“ ја пречекува екипата на „Кит-Го“ од Пехчево.
На останатите средби беа постигнати следниве резултати:
Табела:
1.Саса 17
2.Победа 16
3.Слога В 16
4.Беласица 11
5.Осогово 10
6.Кит Го 9
7.Кожуф 8
8.Детонит 7
9.Тим Локомотива 4
10. Братство 1