Се одиграа натпреварите од 19-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.
Фудбалерите на ГФК „Осогово“ ја извојуваа најубедливата победа од денешната програма на ВМФЛ – Исток затоа што на свој терен славеа со 4-1 (4-0) над тимот на „Росоман“.
По мирниот старт, Стојанче Велинов од „Осогово“ во 22. минута го најави високиот пораз на гостите по голот од слободен удар за 1-0, додека во последните седум минути од првиот дел, одбраната на „Росоман“ капитулираше уште трипати. На 2-0 зголеми Спасов, а потоа погодија уште Неданоски и уште еднаш Спасов. Во вториот дел „Росоман“ успеа само да го ублажи поразот и конечните 4-1 ги постави Андреевски.
Натпреварот го одбележаа и двата црвени картони за играчите на „Осогово“ во 74’ за Јашари и 81’ за двојниот стрелец Спасов.
Во следното коло „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Каменица Саса“.
Резултати:
Табела:
1.БРЕГАЛНИЦА 49
2.ТИКВЕШ 42
3.КОЖУФ 29
4.КИТ ГО 29
5.ОСОГОВО 26
6.САСА 22
7.СЛОГА (В) 22
8.ПОБЕДА 17
9.ПЛАЧКОВИЦА 11
10.РОСОМАН 8