„Осогово“ убедливо поразен во Виница

Се одиграа натпреварите од 14-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

Фудбалерите на „Осогово“ забележаа пораз на гостувањето во Виница против  екипата на „Слога 1934“ и дома се вратија со три погодоци во сопствена мрежа (3:0).

Победата на домашниот тим ја обезбедија Митров (два гола) и Бујчевски, додека „Осогово“ од 66. минута играше со играч помалку (исклучен Стоиловски), па немаше сили да се врати во игра и да освои барем бод од овој дуел. 

По мечот со „Слога 1924“, ГФК „Осогово“ се огласи со реакција, за како што велат скандалозното судење на натпреварот  во Виница.

„Непостоечки пенал за првиот гол, спорна ситуација при вториот гол (голаут), престрог црвен. Има уште многу да кажеме и нема тука да застанеме.Фуркан Идризи, мора да сноси последици, ФФМ на потег, не смее да си дозволи да премолче и така да помине“, стоеше меѓудругото во соопштението на ГФК „Осогово“

Од „Осогово“ реагираа и на недоличното однесување на капитенот на виничка „Слога“ кој и покрај навредите  и навредливите гестикулации кон управата на „Осогово“, поминал без опомена од судиите.

Во следното коло „Осогово“ на домашен терен ја пречекува екипата на „Победа“ од Прилеп.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

„Брегалница“ – „Тиквеш“ 1:1

„Кит-Го“ – „Каменица Саса“ 0:0

„Победа“ –  „Кожуф“ 1:2

„Росоман“ – „Плачковица“ 0:1

„Слога 1934“ – „Осогово“ 3:0

Табела:

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: