„Осогово“ ја победи „Победа“, „Брегалница“ есенски шампион во ВМФЛ – Исток

Се одиграа натпреварите од 15-тото коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

ГФК „Осогово“ триумфираше со резултат од 2-0 против екипата на „Победа“ од Прилеп, на натпреварот што се одигра попладнево на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

Натпреварот го отвори Стојанчо Велинов кој во 23’ стрелаше за 1-0, резултат кој остана актуелен до краjот на првиот дел од натпреварот. Конечниот резултат го постави Александар Неданоски кој во 73’ постигна гол за конечни 2-0. Дуелот  во Кочани беше победничко деби за новиот шеф на стручниот штаб на „Осогово“, Трајче Сенев.

Штипска „Брегалница“ со победата над „Кит-Го“ го осигура првото место на табелата и се круниса за есенски првак во Втората лига – Исток

До крајот на есенскиот дел од шампионатот преостанува да се одигра уште едно коло во кое „Осогово“ гостува на тимот на „Росоман“.

На останатите средби беа постигнати следниве резултати:

ТАБЕЛА:

Сподели: