„Осогово“ ја пречекува екипата на „Тиквеш“ Кавадарци

По паузата поради одигрување на натпреварите на репрезентациите од квалификациите за Лигата на нациите, викендов ќе се игра третото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток.

По ремито со екипата на „Кит-Го“ Пехчево во минатото коло, ГФК„Осогово“ шансата за прва победа во ВМФЛ-Исток ќе ја бара в сабота, на домашен терен против тимот на „Тиквеш“ од Кавадарци.

Дуелот во третото коло во ВМФЛ-Исток е закажан за в сабота (12.09) со почеток од 16:00ч на стадионот „Никола Мантов“.  И овој натпревар како и претходните ќе се игра без публика, согласно протоколот за заштита од болеста КОВИД-19.

Во меѓувреме, помеѓу паузата од натпреварувањето во ВМФЛ, „жолто-сините“ на гости одиграа пријателски меч против екипата на „Скупи“ каде изгубија со резултат од 4:0.

Во третото коло во ВМФЛ-Исток ќе се сретнат:

12.09.2020 (сабота)

Каменица „Саса“- „Победа“

„Кожув“-„Брегалница“

„Плачковица“- „Слога“

„Росоман“ – „Кит-Го“

Натпреварите се со почеток од 16:00ч.

И.Матеничарски

Сподели: