Осумнаесетчасовен прекин на водоснабдувањето во високата зона на Кочани

Повеќе од 18 часа дел од корисниците од високата зона на водоводната мрежа во Кочани се без водоснабдување, реагираат граѓани до интернет – порталот „Гласно“.

Прекинот на водоснабдувањето поради дефект на водоводната мрежа настанал вчера околу 18 ч. и отогаш во прекин е испораката на вода.

Од КЈП „Водовод“ – Кочани известија дека се работи на санација на дефектот кој е на непристапен терен, а настанат од обилните врнежи на дожд и надојдената атмосферска вода.

– Поради непристапноста на теренот од обилните врнежи и надојдената вода, настанат е дефект кај дел од корисниците на висока зона, без вода ќе останат корисниците до целосно решавање на проблемот и тоа: ул.,,Коста Рацин”, дел од ул.,,Ударничка”, дел од ул.,, Шукри Шаин”, ул.,,14-та бригада”, населба Драчевик, населба Варница, ул.,,Бел Камен”, с. Бели, ул. ,, Скопска” и ул.,,Охридска”, известија од кочанското комунално претпријатие.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: