Викендов во Тетово се одржа интернационален турнир Златен куп при организација на карате клубот Шкендија заедно со Карате федерација на Македонија.
Карате клубот Кочани настапи со 6 натпреварувачи, некои од нив настапи и во две категории.

Освоиме 8 медали од кои:
- Дамјан Симеонов 2014 -30кг. 1 место
- Душанка Ристова 2012 -45кг. 1 место
- Илина Костадинова 2013 -44кг. 2 место
- Илина Костадинова 2012 -45кг. 2 место
- Алексеј Ристов 2016 -30кг. 3 место
- Катерина Стојановска 2013 +44 кг. 3 место
- Душанка Ристова 2012 -40кг. 3 место
- Томислав Ристов 2012 -37 кг. 3 место
На овој турнир учествуваа клубови од Косово, Бугарија, Албанија и Македонија.
Најголем впечаток остави новиот натпреварувач Дамјан Симеонов кој го освои првото место и издвојуваше одлични борби.
КК- Кочани