Отворена изложбата ,,Бисери на културното наследство на Кочанската котлина”

Во соработка со НУ Археолошки музеј на Македонија, денеска, беше отворена изложбата ,,Бисери на културното наследство на Кочанската котлина”.

Носител на проектот кој трае дваесетина години е Археолошкиот музеј а координатор на истиот е археолог Илинка Атанасова, кустос-советник.

Темата на изложените дела е руралното и профано градителство од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кои по претходна работилница ги изработија ученици од кочанските училишта, како и од Школата за цртање и сликање при НУ Центар за култура,,Бели мугри”-Кочани.

ЈОУБ “Искра” – Кочани

Сподели: