Отворена изложбата „Колективна дата база“ на авторката Марија Мицова Гацова

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска беше отворена изложбата „Колективна дата база“,  на авторката Марија Мицова Гацова.

Станува збор за 30 цртежи работени во различни техники што љубителите на уметноста неделава ќе може да ги видат изложени во Центарот за култура во Кочани.

-Ова е моја втора самостојна изложба во Кочани. Изложени се цртежи и објекти направени со различни цртачки средства. Ова е продукт на моето истражување за колективната меморија и за тоа како искуствата на нашите предци влијаат на нас и на нашиот избор. Тие искуства како податоци имаат различни ликовна појавност во моите цртежи , а ние уметниците најдобро се изразуваме преку ликовниот јазик. Ги поканувам моите сограѓани да ја погледнат изложбата, истакна  уметничката Марија Мицова Гацова.

Изложбата  е во годишната програма на НУЦК “Бели мугри” – Кочани финансирана од Министерство за култура на Република Македонија и од Општина Кочани.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial