Отворена изложбата „Круг“ од авторот Иван Шапков

Во салонот „Фоаје 2“ на Центарот за култура „Бели мугри“ вечерва беше отворена изложбата на дела од авторот Иван Шапков, насловена „Круг“.

Станува збор за втора самостојна изложба на авторот Шапков на која  се изложени 9 тела и објекти симболично поставени во кружна форма.

Како што истакна проф. м-р Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности во „Бели мугри“, изложбата ,,Круг “ престставува проект кој се состои од објекти кои заземаат простор и навлегуваат во скулптуралниот израз и излегувањето на рамките на сликата, влегувајќи во тродимензионалноста на физичкиот простор.

Изложбата е отворена за посета за сите љубители на уметноста , а истата  е во годишната програма на Центарот за култура „Бели мугри” – Кочани, финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: