Отворена изложбата „Мал вовед во визуелниот идентитет на македонската рок музика во ХХ век“ од Тошо Филиповски

Синоќа (петок, 25 декември 2020) во изложбениот салон на НУЦК „Бели мугри“ Кочани беше отворена изложбата „Мал вовед во визуелниот идентитет на македонската рок музика во ХХ век“.

На отварањето на изложбата присуствуваше и нејзиниот креатор Тошо Филиповски по потекло од Кочани. Со чаша вино, публиката имаше можност лично од него да биде водена во запознавањето на некои од изложените експонати, плакати, лонг-плеј и сингл плочи, како и стари списанија. Изложбата ќе биде отворена до 31 декември 2020.

Т. Арсов

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial