Отворена изложбата на дела ,,За љубов Божја” од Вера М. Горгиева

Во ЈОУ Библиотека “Искра” во Кочани денеска беше отворена изложбата на дела ,,За љубов Божја” од талентираната кочанчанка Вера М. Горгиева.

Изложбата се реализираше во соработка со Општина Кочани и поддршка на Аника Илијевска Горгиева.

– Дела вредни за почит, промоција и валоризација бидејќи произлегуваат од уметничката душа на Вече, која и покрај тешкотиите и искушенијата кои ја пратат, успева своите емоции, размисли и чувства да ги преточи и претвори во уметнички креации, икони и слики, соопштија од библиотека “Искра”.

Изложбата е од хуманитарни и продажен карактер.

Сподели: