Отворена изложбата на цртежи „Книгата патува во домот на секое дете“

Делата на дечињата од ЈОУДГ„Павлина Велјанова“ кои беа дел од проектот „Книгата патува во домот на секое дете“ , што го спроведува библиотеката „Искра“ изложени во културната установа. Со ова практично и заврши проектот кој започна да се реализира во периодот кога се одбележуваше Неделата на детето.  Мотивот и содржините на книгите кои беа дадени патуваа во домот на секое дете и истите се едукативни  и богати со илустрации,  а истовремено ги поттикнуваат и развиваат вредностите како што се пријателството, трудољубовоста, љубовта кон природата, почитување на самиот себе, почитување на другиот.

Почнувајќи од 2016 библиотеката во континуитет ја реализира едукативната програма „Книгата патува во домот на секое дете“. Библиотеката е институција која е со културна и информациска дејност и истата остварува афирмација на книгата како значајно културно наследство секако следејќи ги насоките за работа на Меѓународната федерација на библиотекарски асоцијации и библиотеки.

  • Според научните сознанија се смета дека читањето на книга, раскажувањето на приказна е најприроден начин на учење и процес кај најмладите. Водени од сознанијата околу книгата во развојот на интелектуалните, емоционалните и социјалните карактеристики кај најмладите, развиваме програма  со која ја поттикнуваме писменоста креативноста,фантазијата, индивидуалниот детски развој и љубовта кон библиотеката и книгите како извор на знаењето, истакна Магдалена Кочовска Салтирова, координатор на проектот.

Заеднички со градинката беше реализирана и програма за одбележување на неделата  на детето и конвенцијата на правата на децата, правото на образование и правото на активна вклученост на најмладите во креирањето  на културниот живот во заедницата. Оваа година содржината на проектот од 2016 та до 2020 година со илустарции бае испечатени во каталог .

Од библиотеката со благодарница се заблагодарија на директорката на ДГ „Павлина Велјанова“ за соработката со надеж дека истата ќе продожи и во иднина. Децата од големите групи учесници во проектот  не беа присутни на отворањето на изложбата  заради заштита  на нивното здравје и следење на протоколите за заштита од Ковид 19 за организирање јавни настани.

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial