Во Фоаје 2 на Центарот за култура „Бели мугри“ беше отворена изложба на дела на учениците од Училиштето за цртање и сликање при националната установа.

Над седумдесетина дела работени во изминативе три месеци во различни ликовни техники на слободна тема беа насликани од рацете на младите уметници, членови на училиштето и изложени на изложба пред јавноста.


Раководителката на Улилиштето за цртање и сликање, м-р. Александра Димитрова истакна дека изложбата е плод на макотрпна работа на младите уметници кои твореа на репродукции, пејсажи и мртва природа.


Изложбата ќе биде отворена за публикат во наредните две седмици.

