Отворена изложба на дела од јубилејната 20. Меѓународна ликовна колонија „Карпино“ 2022

Во Фоаје 2 на Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани денеска беше отворена меѓународната изложба на уметнички дела од колонијата  „Карпино“ 2022 год.

Годинава колонијата одбележува 20 години постоење на која се насликани на која се изработени 25 уметнички слики во техника акрил на платно.

– На Меѓународната ликовна колонија „Карпино“ 2023 учествуаа 12 уметници од Србија, Македонија, САД.  Уметничките дела се сликаа во комплексот Етно – село Тимчевкси во Куманово во периодот од 17 – 24 август 2022 год, истакна Дејвид Стоилковски, уметнички директор на колонијата.

Најголем дел од делата се работени во техника акрил на платно, колажна техника како и масло на платно.

– Досега изложбата беше поставена во Виница, Македонска Каменица, Пехчево, Крива Паланка, а наредното изложување е во Тетово.  Се работи за 20. Меѓународна изложба на ликовната колонија „Карпино“ работена во Куманово. Во текот на колонијата гостите – уметници имаа можност да се запознаат со културата на државата посетувајки најразлични локалитети во државата, рече Зоран Павловски, претседател на ММС.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите во следните две седмици. Проектот е дел од годишната програма на „Бели Мугри“ за 2023 година под целосно финансиско покровителство на Министерството за култура на Р. Македонија.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: