Почитувани,
Започна со работа канцеларијата за комуникација со граѓаните од Кочани и Кочанско.
Како пратеник, постојано сум во комуникација со граѓаните, но сметам дека постоењето на една ваква канцеларија ќе значи и подобро организирана директна комуникација со граѓаните, верувам на задоволство на сите.
Канцеларијата за контакт на пратениците со граѓаните е многу значајна алатка за комуникација со електоратот, а воедно се создаваат и услови за приближување на пратениците со граѓаните во текот на целиот мандат.
Целта е остварување на непосредени контакти со граѓаните, разменување на информации, предлози и сугестии со што ќе се зголеми нивното учество во работата на Собранието.
Канцеларијата се наоѓа во просториите на Општинската зграда и ќе биде отворена секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.
Средбите може да ги закажете во канцеларијата кај мојот асистент Ристе Ѓорѓијев, на телефонскиот број 075 302 325.
Со почит,Марија Ангелова