Денеска беше отворена новата комплетно реновирана наставничка канцеларија во ОУ „Никола Карев“ Кочани, каде што наставниците ќе можат да ги извршуваат своите професионални обврски.
Покрај реновираната наставничка канцеларија, во изминатите шест месеци од мандатот на в.д. директорот Александар Андов, остварени се и многу други реализации, меѓу кои отворена нова канцеларија за училишниот дефектолог, нова канцеларија за училишниот социолог и комплетно реновирање на просторијата на техничкиот персонал.
Училишната библиотека е реновирана и проширена со училишна медијатека, обезбедени се нови модерни клупи за сите катови од училиштето, поставено е надворешно осветлување на целиот објект и паркинг простор, целосно е променето внатрешното осветлување на првиот кат од училиштето, во подрачните училишта во с. Грдовци и с. Тркање обезбедени се инвертер клими, како и две интерактивни табли и уште многу други остварувања.