Во присуство на Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовоска и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстев, во село Спанчево официјално беше пуштена во употреба новата детска градина „Штркче“.
Градниката е сместена во веќе постоечкиот општински објект, што по реконструкцијата и адаптацијата во детска градинка може да прими околу 20 деца на возраст од 12 месеци до 6 години.
Отворањето на детската градинка е од особено значење, бидејки веќе постоечките две градинки што се наоѓаат во Чешиново и Облешево, не успеваат да ги згрижат сите деца од општината.
Средствата за овој проект се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.