Во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани попладнево беше отворена ретроспективнатa изложба на дела на ументикот Владимир Георгиевски.


На изложбата се поставени 20-тина дела од богатиот творечки опус на Георгиевски како еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници.

Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк”, чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.
Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк” е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје.
Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

Овој проект е дел од годишната програма на „Бели Мугри“со финансиска поддршка од министерството за култура на Р. Македонија
Проектот е насловен преземање на изложби за 2024 години во визуелни уметности – галериска дејност.