Отворена самостојна изложба на м-р Владимир Темков

Во Фоаје 2 на  Центарот за култура „Бели Мугри“ денеска беше отворена самостојната изложба на дела на уметникот  м-р Владимир Темков.

Изложени се  24 уметнички дела, со различни мотиви работени во техниката масло на платно.

-Изложени се 24 дела кои се составен дел на една моја поголема изложба, „Боите на Тиквешијата“. На делата прикажани се боите на водата, небото и планините во Тиквешијата. Симболично кажано насликана е цела Македонија, топлото сонце, убавите пејсажи, се она што е одлика на нашата држава,  трансформирани во ликовен и уметнички јазик. Изложбата во Кочани е моја трета изложба, а претходно истата беше поставена во Кавадарци и Прилеп.  Задоволен сум од соработата со Центарот за култура „Бели Мугри“ и во оваа прилика изразувам голема благодарност , истакна Владимир Темков, уметник и автор на изложбата.

Самостојната изложба на дела на уметникот Темков за љубителите на уметноста ќе биде отворена и во деновите што следат.

Уметникот Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира.  Досега има реализирано бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а е бил дел и од голем број на групни претставувања.

И. Матеничарски

Сподели: