Во просториите на ООУ „Никола Карев“ – Кочани е пуштена во употреба адаптирана просторија која ќе служи за средби помеѓу наставниците и родителите на учениците од кочанското основно училиште.
Намената на просторијата ќе биде наставниците и родителите да можат меѓусебно да разговараат околу образованието на децата заради унапредување на односите и решавање на конфликтни ситуации.
– Денес во нашето училиште ја отворивме Собата за родители во која родителите на нашите ученици ќе имаат свој простор за разговор со секој наставник од кого имаат потреба и тоа во свое катче каде ќе можат да разговараат за сите потреби на своите дечиња. Собата е направена со средствата собрани од Новогодишниот базар, истакнаа од ООУ „Никола Карев“ – Кочани.