Отворена школата за гитара „Music On“

Деновиве започна со работа новата школа за гитара „Music On“, ребрендирана од поранешната школа „Ги-То“.

Во нови простории, пријатен амбиент и на нова локација, школата нуди можност за изучување на гитарата за сите генерации  млади и возрасни.

Брзо, професионално и ефикасно изучување на сите правци во музиката (класика, џез, народна, забавна, рок) како и учење на ноти, акорди, ритмови и музичко описменување.

Наставата се одвива во групи, а школата нуди можност и за индивидуални часови по гитара. Со неа раководи професорот по гитара Дејан Алексовски , а истата се наоѓа на улицата „Скопска“ 69 во Кочани.

Во тек се уписите за учениците, а повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број 070/727-339.

И.Матеничарски

Фото: А.Арсов

*Кликнете на фотографијата.

Сподели: