Со одигрување на натпреварот Жиганци – Чешиново на фудбалското игралиште ,,ДамеГруев” во Чешиново отворено 52. издание на Илинденските спортски игри
На овогодинешното издание пријавени се 9 екипи, а ќе се се одиграат вкупно 19 натпревари.
На првиот ден од Илинденските спортски игри, екипата на Жиганци со резултат од 4:2 ја победи екипата на Чешиново.
Турнирот го прогласи за отворен градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов.
На отварањето на турнирот свој настап имаше КУД ,,Руен”.
За овогодинешниот турнир предвидени се парични награди од 120.000 денари за првата екипа и 50.000 денари за втората екипа.
Финалето е закажано на 02 август на празникот Илинден.