Отпочна изградбата на доводен цевковод во с. Видовиште

Локалната самоуправа на Општина Зрновци ја започна реализацијата на проектот за изградба на нов доводен цевковод за водокорисниците од село Видовиште.

Градежна механизација започна со расчистување на теренот каде ќе иде инсталиран нов цевководот што значително ќе го подобри водоснабдувањето на жителите на Видовиште.

– Денес во село Видовиште започнуваме со изградба на нов доводен цевковод за снабдување на вода за домаќинствата во должина до 1000 метри со ФИ 125 мм водоводни цевки. По уредување на планинскиот пат с. Видовиште- м.в. Зафат на Видовишка река, денес започнаа и градежните активности за ископ и исталација на потребните водоводни елементи. Со овие градежни активности го зголемуваме количеството и динамиката на вода за домаќинствата над 15 литри во секунда, со што овозможуваме постојано водоснабдување и решаваме децениски проблем на жителите во село Видовиште, соопшти градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Сподели: