Отчет на градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев за првите 100 дена локална власт

Отчет на градоначалникот на Општина Зрновци, Борчо Коцев по првите 100 дена од стапување на функцијата:

Почитувани граѓани на општина Зрновци, поминаа 100 дена откако благодарение на Вас општина Зрновци продолжува по патот на просперитет и успех.

Како Градоначалник на Општина Зрновци подеднакво посветен за доброто на сите граѓани на Општина Зрновци, решавање на тековни проблеми во надлежност на Локалната самоуправа, креирање и реализирање на нови проекти ми претставува особена чест и уште поголема одговорност за оправдување на довербата која што ни ја дадовте на

Нас и на политиките на нашата државотворна партија ВМРО-ДПМНЕ.
За Идејата да стане реалност, за граѓаните на општина Зрновци  ВЕТИВМЕ и во првите 100 дена ИСПОЛНУВАМЕ :

1.Веднаш започнавме и денес се во завршна фаза изготвување на Проектна документација за изградба на  :

-Промена на дел од главниот цевковод за водоснабдување од Фабриката за вода во должина од 200 метри во Зрновци
-Каптажа за водоснабдување во село Мородвис
-Филтер станица за фекална канализација во село Видовиште
-Зафат на Морошка река за наводнување на земјоделски површини
-Изградба на дополнителен резервоар на водоводната мрежа за водоснабдување на домаќинствата во село Зрновци
-Изградба на детски парк
-Изградба на потпорен зид вза проширување на дел од улица
-Изградба на пешачка патека од влезот на Општината до Општинската Зграда.
-Ревидирање на Проект промена на секундарна Водоводна мрежа во Зрновци

Покрај горенаведените порачани проектни документации, во Буџетот за 2022 година предвидовме сретства од 400 000 денари за изготвување на техничка документација за капитален проект.

2. Намалување за 20 % на цената за комунална услуга-Изнесување на смет и отпад.
3. Реорганизација и модернизација на КЈП Водна кула за навремено и подинамично извршување на дејностите, набавена униформа и материјално технички сретства за вработените во КЈП Водна кула,

4. Интензивирање на работни активности на градежно-санациони работи на мост “Капетан Синиша Стоилов” во централното подрачје на Зрновци.

5. Уредување на училишниот двор на училиштето “Синиша Стоилов”- Зрновци со бекатон плочки.

6.Донесени одлуки и правилници од страна на Локалната самоуправа на Општина Зрновци и ОУ “Синиша Стоилов” за користење на Спортската сала од страна на сите љубители на спортот.

7.Санација и поправка на дефекти и делови од секундарна и приклучна водоводна мрежа во село Мородвис по што ќе следи нејзино зонирање, заради регулирање на притисокот во истата и минимизирање на потенцијални дефекти.

8. Ветивме модерно и современо образование и образовен процес за учениците и наставниот кадар и остваруваме.

Набавено и реализирано :

-10 смарт табли со препознавање на ракопис, геометриски фигури, челнична работна површина
-10 ЛЦД проектори
-27 таблети и 7 дополнително во набавка
-Инвертер клими во сите училници и канцеларии
-Комплетно реновирање на сите санитарни јазли
Учениците и Наставниот кадар во Општина Зрновци заслужуваат унапредување на воспитно-образовниот процес, и обезбедување на квалитетна настава…продолжуваме

9.Активности за значително подобрување на квалитетот за водата за пиење:

-отклонет дефект на испусен вентил, основен услов за овозможување на прочистување на  4 километарскиот доводниот тунел до Водна кула и прочистување на таложникот во истата.
-промена на Опализиран туф во самоперачките филтри за физичко прочистување на третираната вода
– технички промени за правилно дозирање и третирање на хлорот во системот.
-чистење на резервоарите за водоснабдување

10. Расчистување на постоечката локална депонија во Зрновци, која зафаќаше површина од 15 декари земјиште.

11. Расчистени земјени наслаги на речното корито на река Зрновка во централното подрачје на Зрновци

12. Уредување на просторот покрај кејот на Морошка река во село Мородвис и расчистување на диви депонии во село Мородвис.

13. Уредување на централно јадро во Видовиште и расчистување на земјени патишта во Видовиште

14. Организирање на подготвеноста на институциите за зимскиот временски период и спремноста и подготвеноста на КЈП “Водна Кула” Зрновци  за зимско оддржување и расчистување на патната инфраструктура.

15. Формирање Младински совет на Општина Зрновци
Учеството на младите во процесот на креирање на младински политики и донесување на одлуки кои се однесуваат на нив, ни претставува стратешка цел.
Наша должност е да овозможиме унапредување на положбата на младите во опшеството со нивно активно учество во процесите.

16. Започната постапка за Формирање на Локален економски свет

17. Извршена санација и регулација на делови од речните корита на Зрновска и Морошка река по поројните обилни врнежи во зимскиот период и предизвикани поплави.

18. Започнато расчистување и уредување на површина за изградба на нов детски парк со реквизити за игра за најмалите, рекреација за возрасните.

19.Организирање на културни манифестации со учество на Играорни групи и локални музички уметници
-по повод ден на Општина Зрновци- Митровден
-Новогодишен концерт на ФА „Љупчо Сантов“ , играорна група Зрновци
-Културно-уметничка програма по повод благословување на Бадниковиот оган

20.Обезбедување на бесплатна сала за тренинг на членовите на  Џудо Клубот “ГЛАДИЈАТОР”

21.Обезбедена бесплатна просторија за функционирање на Фолклорно друштво и Играорни групи

22. За прв пат предвидовме еднократна Финансиска помош за секое новороденче во Општина Зрновци за 2022 година во вредност од 5000 денари.

23. Доделени 15 стипендии за учебна 2021/2022 година за Студенти, Ученици во Основно и Средно училиште-деца на самохрани и невработени родители.

24. Активно учество во проектот “Нега и грижа на стари лица во домот

25.Организирање на  еколошка акција за расчистување и заштита на животната средина во подрачјето на 

Викенд населбата Брана- Дивичен вир.
-локалната самоуправа на Општина Зрновци во рамките на своите законски должности ќе ги превземе сите чекори за заштита на животната средина.

26.Започнавме прва фаза со кастрење и расчистување на помошните земјени канали за наводнување, по што во соработка со АД Водостопанство-Кочани ќе следи машинско уредување и санација на истите пред започнување на новата сезоната за наводнување.
Целта ни е ефикасно  наводнување на земјоделските површини со доволна количина и динамика на вода  во целиот атар на Општина Зрновци, со што значително би се олеснило вршењето на земјоделските работи на сите жители кои се бават со земјоделие.

27.Целосна реализација на започнатиот, проект “Реновирање, санација и подобрување на енергетска ефикасност” на Домот на културата во село Мородвис.

28. Започнавме со реновирање на некогашната Сала за Венчавки, просторија на приземјето на зградата на локалната самоуправа
29.Донесовме мудри одлуки, превземавме храбри чекори, Општина Зрновци после 14 години е Општина со деблокирана сметка.

Изминатиот период постигнавме вон судски договори со дел од доверителите, исплативме средства по основ на долгови, се обврзуваме на динамичен план  за исплата на останати побарувања со цел да заштитиме значителни финансиски средства од Буџетот на Општина Зрновци во висина од околу 1 500 000 денари по основ на камати.

Продолжуваме посветено и одговорно за Економско јакнење на Општина Зрновци, за доброто на сите граѓани на Општина Зрновци !
Со ПОЧИТ,

ОПШТИНА ЗРНОВЦИ
ГРАДОНАЧАЛНИК
       Борчо Коцев

Сподели: