ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ и ЈОУДГ,,Павлина Велјанова“ реализираа заедничка активност во пресрет на предстојните уписи на првачиња

Во пресрет на предстојните Велигденски празници и во пресрет на предстојните уписи на првачиња за учебната 2023/2024година, денес во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани се реализираше настан помеѓу вработени и ученици од училиштето и вработени и дечиња од ЈОУДГ,,Павлина Велјанова“ од Кочани.

Денес  наставниците и учениците од петто одделение од  ОУ,,Св.Кирил и Методиј“-Кочани во соработка со вработените и дечињата од најголемата група во  ЈОУДГ,,Павлина Велјанова“ , реализираа активности во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ од Кочани, изработувајќи различни предмети и изработки со тематика од предстојните Велигденски празници.

Дечињата од детската градинка имаа можност да се запознаат со нивната следна попатна станица во нивниот наставно-образовен процес , односно да се запознаат со нивното предстојно училиште и просториите во кои тие секојдневно ќе поминуваат одреден дел од денот, заедно со нивните предстојни наставници.

ОУ,,Св.Кирил и Методиј“ – Кочани

Сподели: