Женската кошаркарска екипа од ОУ „ Кирил и Методиј“ е победник на зонските натпревари на основни училишта што денеска се оддржаа во Спортската сала во Кочани.
Под водство на тренерот Ивица Цимбалевиќ кошаркарките на ОУ„Кирил и Методиј“ ја победија екипата на ОУ„Никола Карев“ со резултат 38:06 како и тимот на ОУ„Ванчо Прке“ од Делчево со 41:20.
На дуелот помеѓу екипите на „Никола Карев и „Ванчо Прке“ поуспешни беа делчевки со резултат 25:10.
Со овие победи кошаркарките на ОУ„Кирил и Методиј“ се пласираа на меѓузонските натпревари во кошарка за основки.