ОУ „Малина Попивнова“ – Кочани во склоп на предметот Граѓанско образование спроведе низа на активности во рамки на одбележување на „Отворениот ден на граѓанското образование“. Воннаставните активности имаа и еколошки карактер во пресрет на Денот на екологијата, 21 Март.
Под мотото „Засади дрво, засади цвет за поубав свет“ ученици од деветто одделение од основното училиште изработија платнени торби на кои се испишани еко пораки и истите ги поделија на случајни минувачи. Учениците извршија хортикултурно уредување на училишниот хол при што засадија цвеќиња и ја подобрија естетската слика на првиот кат во училиштето.
Преку веб-платформа се реализираа и „Електронски презентации“ по предметот Граѓанско образование. Учениците изработија две презентации од кои едната е на тема ,,Граѓанско образование‘’, а втората на тема ,,Екологија“. Истите се поставени на веб и „Фејсбук“ страницата на училиштето.
Активности беа реализирани со подршка на раководството во училиштето , наставникот по граѓанско образование, службата во училиштето и учениците од деветто одделение.
ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани