ОУ „Раде Кратовче“ го одбележа патрониот празник на училиштето

Со пригодна програма и положување свежо цвеќе пред бистата на херојот  Раде Кратовче, во дворот на училиштето беше одбележан патрониот празник на кочанското основно училиште.

Во рамки на одбележувањето на патрониот празник, директорот на училиштето, Драган Трајчев додели благодарници на ученици учесници на литературниот конкурс кои твореа на тема „За тебе борецу“.

– Денес имаме потреба повторно да се навратиме на делото на Кратовче. Некои се обидуваат неговата саможртва да ја негираат. Имам потреба да се обратам и да кажам зошто овој млад човек земал оружје во рака и отишол во планина оставајки ги сопругата и децата? Зошто овој човек земал оружје во рака да се бори протов фашистичките окупатори? Зошто овој човек на 33 години загина? Одговорот е еден и единствен За слободна и независна Македонија. Горд сум затоа што сум дел од еден тим на училиште кое е извор на писменоста и знаењето во општината, на колегите кои вложуваат напори да ги научат учениците и да стекнат знаења и вештини. Горд сум на учениците кои постигнуваат одлични резултати на општински, регионални и државни натпревари, истакна Драган Трајчев, директор на ОУ „Раде Кратовче.

Свежо цвеќе пред бистата на Кратовче во училишниот двор положија делегација на училиштето на чело со директорот Драган Трајчев, на Локалната самоуправа на Општина Кочани предводена од градоначалникот Љупчо Папазов, семејството на Кратовче и од Сојузот на борците на НОБ.

Уметничкиот дел на настанот беше доверен на училишниот хор.

Фото: А. Арсов

Сподели: