Официјално: По втор пат одложени ридско-брзинските трки на Пониква

Автомобилистичката федерација на Македонија информира дека по втор пат се одложени ридско-брзинските трки на Пониква, што требаше да се возат викендов на 10-ти и 11-ти октомври.

Ранко Станојковски, претседател за спорт на Автомобилистичката федерација на Македонија за интернет-порталот „Гласно“ изјави дека поради несогласување со дел од сопствениците на  угостителските објекти сместени на Пониква во врска со терминот на одржување на трките, истите се одложени.

На иницјатива на градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска се одржала средба помеѓу претседателот за спорт на Автомобилистичката федерација на Македонија, Ранко Станојковски на која требало да присуствуваат и дел од преставниците на угостителите од Пониква кои ја покренаа иницијативата за одложување на трките, но од ним познати причини тие не се појавиле на состанокот.

Во изјава за интернет-порталот „Гласно“, градоначалникот на општина Кочани Николчо Илијев рече:

-Бидејки постојат несогласувања со угостителите и иницијаторите на трката јас ја иницирав денешната средба за да се разговара и да се изнајде заедничко решение за трката. Поради неможност да присуствуаат засегнатите угостители јас иницирав нова средба за во вторник каде ќе присуствуваат сите засегнати страни, а ќе се разговара на различни теми  од локален економски развој за промоција на Пониква како и за одржувањето на ридско-брзинските трки. Јас ја поддржувам секоја иницијатива за промоција на Пониква како туристичка дестинација, но во делот на одржувањето на ридско-брзинските трки, потребно е да се изнајде заеднички компромис на задоволство на сите засегнати страни, истакна градоначалникот Илијев.

За сега, ридско-брзинскиот шампионат е во ставен во мирување се до изнаоѓање на заедничко решение.

И.Матеничарски

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial