Официјалнo Љупчо Папазов кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ

Љупчо Папазов е кандидат за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, објавија денеска од партијата.

Папазов е приватен стопанственик и во времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше власта во Кочани, ја извршуваше функцијата директор на КЈП „Водовод“.

Неколкуте анкети спроведени меѓу граѓаните во Општина Кочани, во изминатиот период и меѓу членството, покажале дека Папазов ужива голема доверба и дека ги поседува квалитети за прв човек на општината.

И. Матеничарски

Сподели: