Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани распиша конкурс за фудбалски судии под мотото „Биди и ти фудбалски судија“.
Кандидатите треба да бидат на возраст од 16 до 25 години, момчиња и девојчиња.

Пријавувањето трае до 05 февруари 2025 година (среда), кандидатите можат да конкурираат на: ofskocani@ffm.com или преку лицето за контакт Драган Јаневски, телефонски број 078/948-456.