„Гласно репортер“ известува дека на улицата „ Браќа Ставреви“ во Кочани е паднат столб во сопственост на телекомуникациски оператор.
За среќа нема повредени лица и не е причинета материјална штета на објекти или возила.
Се претпоставува дека столбот паднал од дотраеност. Сообраќајот е во прекин, а полицијата ги насочува возачите по споредните улици.