Падна првиот снег на Пониква

Влажното време и ниските температури го донесоа и првиот есенски снег на Пониква.  

Врнежите на снег во текот на ноќта формираа снежна покривка, а според метеоролозите се очекува да наврнат околу 10 сантиметри снег.

Ниските температури ќе се задржат и периодов, а од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека на повисоките планини повремено ќе снежи, додека во пониские предели и во котлините ќе има врнежи од дожд.

Утринските температури во Кочани паднаа на 5 целзиусови степени. Според прогнозата дождот ќе продолжи да паѓа во текот на целиот ден, и утре.

ФОТО: skimacedonia.mk

Сподели: