Пакети за ранливите категории граѓани од КАМ маркет


Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска имаше средба со Сузана Коцев, регионалната раководителка на КАМ маркет, компанија која обезбеди донација од 60 пакети за ранливи категории граѓани од Кочани.

– Сакам да се заблагодарам и од името на локалната самоуправа и од граѓаните за вашата желба во услови на пандемија да им помогнете на ранливите категории граѓани. Давате убав пример за општествена одговорност, кој треба да го следиме и да им помагаме на луѓето на кои им е потребна помош – рече на средбата градоначалникот Илијев.

Пакетите содржат прехранбени и хигиенски производи, кои се распределуваат кај семејствата во социјален ризик, утврдени од кочанскиот Мобилен сервис за здравствени и социјални услуги.

Сподели: