Папазов: Ги повикувам сите граѓани на Кочани, да ги казниме погубните политики на СДСМ

Прес-конференција на Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денеска имаме прекрасен ден за дружба со граѓаните, голема благодарност до мојата матична партија, благодарност до граѓаните на Кочани кои го дадоа својот глас за број седум, вели кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кочани, Љупчо Папазов.

Тој ги повикува сите, да ги казнат погубните политики кои ги води СДСМ, да ја казнат ова локална самоуправа која му помогна на Заев да тргува со основните национални вредности.

Секој глас за Николчо Илијев, е глас за Зоран Заев , затоа почитувани сограѓани 31-ви октомври гласајте за број 7, гласајте за промени, гласајте за проекти, гласајте за победи, истакна на прес-конференција Папазов.

Видео изјaва со клик ОВДЕ.

Сподели: