Почитувани сограѓани,
Во однос со детската и социјалната заштита, ние ќе се заложиме и за отварање на објект од детската градинка
ПАВЛИНА ВЕЛЈАНОВА во С. ТРКАЊЕ и заеднички објект во с.Подлог.
Со изградба на нови простории до Основното училиште во с.Тркање, ќе отвориме објект на детската градинка „Павлина Велјанова“ за згрижување на децата од Тркање. Местоположбата на овие три села е добра основа за отворање на заеднички објект на детската градинка „Павлина Велјанова“ за згрижување на децата од овие села.
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОСЕБНИ ФОНДОВИ
ЗА ПОДДРШКА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИТЕ е исто така еден од нашите од нашите приоритети, а во исто време ќе се погрижиме за отворање и функционирање на Дневен центар за деца со аутизам.
Реализацијата на проектот за изградба на старечки дом и воспоставување на мобилни сервис-служби за помош на стари и изнемоштени лица ќе овозможи да ја подигнеме грижата на повисоко ниво за нашите највозрасни сограѓани.
Ние сме во служба на граѓаните и ќе работиме за посигурна иднина за сите.
Љупчо Папазов-кандидат за градоначалник на општина Кочани
Видео изјава со клик ОВДЕ.