Папазов од Оризари: Сите граѓани ќе бидат третирани исто и сите ќе ги уживаат истите права

И денес ќе промовираме дел од нашите проекти кои директно се поврзани со квалитетот на животот на нашите сограѓани.

Јас, како кандидат за градоначалник давам гаранција дека сите граѓани ќе бидат третирани исто и сите ќе ги уживаат истите права.
Кочани и Оризари ќе имаат средена инфраструктура, улици и реки. Дел од тие проекти се:

УРЕДУВАЊЕ НА КОРИТОТО НА РЕКА МАСАЛНИЦА

Досегашната негрижа за речното корито на река Масалница создаде наноси и обраснатост со разни дрва и плевели со што е намалена пропусната моќ, што претставува потенцијална опасност од
поплави, а со уредувањето и чистењето на коритото и изградбата на кејската улица се до спојот со магистралниот пат, опасност од поплави ќе нема, а Оризари ќе добие урбан и модерен лик.

УРЕДУВАЊЕ НА КОРИТОТО НА КОЧАНСКА РЕКА ОД МЕСНОСТА БАВЧАЛУК ДО КРАЈОТ НА ГРАДОТ

Со овој капитален проект Кочанска река ќе се исчисти од наноси на талог и песок и реката ќе се врати на некогашните коти, со што пропусната моќ на коритото ќе се зголеми за евентуални големи води, ќе се симне нивото на подземните води, а со тоа подрумските простории на околните објекти околу реката кој сега постојано се поплавуваат ќе бидат заштитени, новото минорно корито ќе овозможи пешачки патеки и простор за рекреација.

Да ја создаваме нашата иднина заедно за едно поубаво Кочани.

Љупчо Папазов-кандидат за градоначалник

Видео изјава со клик ОВДЕ.

Сподели: