Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов преку фејсбук објава ја информираше јавноста дека е позитивен на Ковид – 19, со стабилна здравствена состојба без значителни симптоми.
Во објавата стои:
„По неодамна добиениот резултат од ЦЈЗ-Кочани за денешното мое тестирање на Ковид-19, ја споделувам официјалната информација дека истиот е позитивен.
Здравствена состојба ми е стабилна, без значителни симптоми.
Очекувам брза нормализација и успешно надминување на оваа непријатна состојба.
Следниве неколку денови ќе ги поминам во домашна изолација и во меѓувреме своите работни обврски во голема мера ќе ги извршувам онлјан преку редовна комуникација и координација со стручните служби од општинската администрација.
Реализацијата на предвидените проекти ќе се одвива непречено според утврден распоред на задачи.
Останете безбедни и постојано претпазливи при сè уште активната борба против невидливиот непријател“, пишува Папазов.