Третиот сет економски мерки е наменет за македонската економија преку директна финансиска поддршка на граѓаните, кои пак ќе ги овие пари за купување македонски производи и услуги.
Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани без аплицирање и без дополнителни трошоци. Тоа се 28 милиони евра, пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги за рестартирање на македонската економија. Парична поддршка за младите од 100 евра, платежна домашна картичка од 50 евра, ваучери за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини.
Ваучерот од 100 евра и платежната домашна картичка од 50 евра опфаќаат вкупно 100 000 наши млади сограѓани, во вредност од 9 милиони евра.
Ваучерот од 100 евра ќе може да се користи за покривање на партиципација на универзитетит или за сместување во студентски, ученички дом или регистриран сместувачки капацитет за студенти и средношколци, додека платежната картичка од 50 евра е наменета за купување домашни производи и услуги.Свесни сме дека интернет-страницата во моментот за некои корисници е недостапна, но дека тоа е поради големиот интерес на повеќе од 300 000 лица за кои овие мерки се наменети.
Ваучерите за кофинансирање на обуки, тренинзи, курсеви за ИТ и дигитални вештини опфаќаат 10 000 млади лица, во вредност од 3 милиони евра и ќе можат да бидат користени од средношколци или студенти на возраст над 16 години и млади до 29 години.
Го зајакнуваме студентскиот и средношколскиот стандард, да се продолжи образовниот процес непречено и да се обезбеди куповната моќ на младите.
Ви благодарам!
Претседател на ЛК СДММ КочаниКоста Иванов