Партијата Левица отвори канцеларија на Локалниот огранок во Кочани

Политичката партија Левица денеска ја отвори партиската канцеларија на Локалниот огранок на партијата во Кочани.

Граѓани, членови и симпатизери на Левица по тој повод имаа можност да се сретнат со претседателот на партијата и пратеник во Собранието на Македонија, Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов и други членови на Централниот комитет на Левица.

– Левица по инфраструктура веќе отвори околу 25 канцеларии во државата и по структура е веќе трета партија по големина,  зборуваме за проширеност на ниво на цела Македонија. По ДПМНЕ и СДС, Левица се наметна како третта опција во државата. Оваа е средба со членството во Кочани. Ова само покажува дека е дојдено времето кога народот природно си бара трета опција затоа што двете најголеми партии на политичката сцена не ги застапувааат македонските национални интереси.  Тука се појавува едно огромно мнозинство кое досега не е претставено во парламентот. Се надеваме на следните парламентарни избори Левица да има двоцифрен број пратеници и да биде вистински фактор на политичката сцена. Очекувањата се на среден рок да ја прегазимеСДСМ и да го земеме приматот на левичари, а потоа би се соочиле и со ДПМНЕ – истакна од Кочани лидерот на Левица, Апасиев.

На средбата граѓаните поконкретно се запознаа со платформата, визијата и стратегијата на Левица како единствена работничка и класно – ориентирана партија во државата.

Партиската канцеларија на Левица се наоѓа во Трговскиот центар на приземјето во Блок Б кај Големиот паркинг.

И. Матеничарски

Фото: А. Арсов

Сподели: