Патничкиот воз од Кочани за Скопје излетал од шините-нема повредени

Патничкиот воз што вчера  утрото тргнал од Железничката станица во Кочани за Скопје, излетал од шините при влез во станицата „Јане Сандански“ Скопје.

Според полицијата  на 22.07.2020 околу 08.25 часот било пријавено дека на влез на Железничка станица „Јане Сандански“ во Скопје, патнички воз, кој сообраќал на релација Кочани-Скопје, со предните тркала од локомотивата излегол од шините, по што удрил во метален столб.

Во незгодата нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Од Желензичката станица Скопје информираат дека денеска нема да сообраќа редовната линија на возот од Скопје за Кочани.

И.Матеничарски

Сподели: