Патувачкото кино на „Македокс“ на 10 јули во Кочани

Патувачкото кино на „Македокс“ годинава ќе биде прикажано и во Кочани.

Првата проекција на документарен филм  е закажана за 9 јули во нас. Оризари, а на 10 јули и во Кочани.

Во својата 12-та година Патувачкото кино на „Македокс“ ќе ги опфати Кратово (25 јуни) и селото Шлегово (26 јуни) во последниот викенд во јуни. Во јули Патувачкото кино ќе прикажува документарни филмови во Штип (2 и 3 јули), како и во нас. Оризари (9 јули) и Кочани (10 јули). Последната сесија годинава ќе се случи во септември со проекции во Виница (3 септември) и селото Пекљани (4 септември).

Проекциите ќе почнуваат во 21 часот, ќе бидат на отворено небо, а влезот е бесплатен.

Патувачкото кино на МакеДокс 2021 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија, Општина Кратово, Општина Кочани, Општина Штип, Општина Виница и Центарот за развој на Источен плански регион.

Сподели: