Приватната детска градинка „Амичи“ по повод Велигденските празници организираше Велигденски музички хепенинг во Градскиот парк во Кочани на кој се претставија дечињата и вработените од детската градинка.
На плочникот во паркот, дечињата од латино клубот приредија неколку музичко-ритмички точки пред публиката, која во голем број присуствуваше на настанот и со аплауз ги поздравуваше малите уметници.

– Освен ритмичките точки, нашиот тим со радост и големо задоволство подготви вкусни велигденски колачи, милиброд, крофни и пити кои ги делиме да ги вкусат нашите посетители, а имаме и хуманитерни штандови на кои продававме велигденски колачиња. Претходно организиравме велигденски работилници со фарбање и украсување на јајца, во кои освен дечињата што ја посетуваат нашата градинка учествуваа и дечиња кои дојдоа да го проследат настанот – истакнаа од „Амичи“.

Музичкиот хепенинг што го приредија дечињата и вработените во ПДГ „Амичи“ беше одлично раздвижување на градот во пресрет на одбележувањето на големиот христијански празник Велигден.
И. Матеничарски
Фото: A. Арсов



